Осмата Меѓународна поетска манифестација „Охридски поетски бисер“ – 2023 г. во организација на Здружението за литература и култура „Охридски поетски бисер“ ќе се одржи на 24-ти јуни со почеток во 13 часот во манастирот „Свети Кузман и Дамјан“ во селото Опеница, Охрид.
„Посебна чест, но и обврска, ни преставува бројката од 204 пристигнати творби од 121 македонски поет, 31 млад поет; 49 странски поети и 3 поети од нашата дијаспора.“ – велат организаторите
Манифестацијата има за цел меѓународна промоција на поетскиот збор, македонскиот јазик и македонската литература, градот Охрид и Македонија.
За оние кои немаат сопствен превоз до манастирот во селото Опеница, организаторите информираат дека во 12 часот има автобус за Битола, а во 12:10 комбе за село Куратица.