Времето денеска во Македонија, претпладне сончево со мала до умерена облачност. Попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме проследени со обилен пороен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер (над 60 км/час) и изолирана појава на град.
Во Охрид претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне и во вечерните часови нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната дневна температура во благо опаѓање и ќе се задржи околу 28 степени.
И во недела на повеќе места во Македонија ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Потоа во текот на следната седмица ќе преовладува претежно стабилно време, а само на места ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи.