Skip to main content

Криза во Русија

Вагнер тргна на Москва, Путин се закани дека ќе ги казни предавниците

Шефот на паравоената група „Вагнер“, Евгениј Пригожин кој повика на вооружен бунт и соборување на рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, денеска потврди дека неговите војници влегле во командата на руската армија во градот Ростов.
 |  инфодеск  | 
Путин Пригожин

Борците на платеничката групата „Вагнер“ според нејзиниот шеф Евгениј Пригожин ги зазеле сите воени локации во рускиот град Ростов. Од Ростов до Москва има повеќе од илјада километри, но во престолнината се воведени антитерористички мерки и има оклопни возила по улиците, а превентивно е затворен и автопатот што ги поврзува двата града.

Рускиот претседател Владимир Путин, во своето вонредно телевизиско обраќање, изјави дека иднината на Русија е загрозена, опишувајќи ги акциите на бунтовниците како „удар во грб“. Тој рече дека некои Руси се „измамени во криминална авантура“ – без да ја спомене паравојската Вагнер.

Вонредното обраќање на Путин следеше откако ескалираше судирот на руските воени власти со шефот на руската платеничка група Вагнер, Евгенија Пригожин. Тој повика за бунт против руската војска, иако тврди дека не станува збор за воен удар.

Рускиот претседател најави „неизбежна казна“ за оние кои го делат руското општество. Путин рече дека во главниот град Москва и во неколку други региони сега е на сила антитерористичкиот режим.

Шефот на паравоената група „Вагнер“, Евгениј Пригижин, денеска потврди дека неговите војници влегле во командата на руската армија во градот Ростов на Дон, клучен центар за руската агресорска војна против Украина и оти ги зазеле сите воени објекти, вклучително и аеродром. Претходно во петокот вечерта тој во видео порака освен што повика на вооружен бунт, ги доведе во прашање и причините за руската инвазија врз Украина, а повторно ја обвини руската армија дека ја крие вистината за ситуацијата на фронтот.