По повод 24 Јуни Денот на Балканските Египќани, за прв пат на балканските простори беше предадена документација од историскиот развој на Египќаните во oхридскиот Архив.
Од подрачното одделение Охрид на Државниот Архив на Македонија изразуваат надеж дека овој чин понатаму ќе биде следен и во другите балкански земји.
„Од мое име и од името на генералниот директор на Државниот Архив Емил Крстески се заблагодарив за големата свест кон она што значи историја, документација и архивистика…особено кон почитуваниот професор Рубин Земон кој несебично пристапи кон овој подвиг знаејќи дека документите ќе бидат неизбршлив траг за идните генерации.“ – истакна директорот на охридскиот Архив, Никола Митровиќ.
По повод празникот во Центарот за култура „Григор Прличев“ беше отворена изложба на фотографии на кои е претставена историјата на Египќаните на балканските простори. Во изложбениот салон се одржа и концертот на КУД „Пирамида“.