Нова демократија убедливо победи на денешните парламентарни избори во Грција, покажуваат првичните официјални резултати. Гласачите му дадоа уште еден мандат на премиерот Кирјакос Мицотакис.
Се очекува Нова демократија да има 157 или 158 пратенички места во 300-члениот парламент. Според преброени скоро 90 отсто од гласачките места во земјата, централно-десничарската Нова демократија на Мицотакис освои над 40 проценти од гласовите, а главниот ривал, крајно левичарската Сириза претрпе голем пораз, освојувајќи само нешто над 18 отсто, што е уште помалку од изборите во мај, кога освои 20 проценти.