Skip to main content

Министерство за животна средина и просторно планирање

МЖСПП: Забраната за пластични ќеси ќе се применува од 1 јуни идната година

Направена е измена во Правилникот за стандардите за биоразградливост кои треба да ги исполнуваат кесите за носење на стоки.
 |  инфодеск  | 

„Министерството за животна средина и просторно планирање ја информира јавноста, дека согласно Правилникот за изменување на правилникот за стандардите за биоразградливост кои треба да ги исполнуваат кесите за носење на стоки, начинот на пуштање на пазар на биоразградливи кеси од страна на трговците, како и формата и содржината на образецот за водење на евиденција („Службен весник на РСМ“ бр. 112/23 од 31.05.2023 год.) е направена измена во членот 6 во ставот 1, и зборовите „1 јуни 2023 го- дина“ се заменуваат со зборовите „1 јуни 2024 година“. – се вели во соопштението од МЖСПП.

Од тука забрана за употреба на ќеси што не ги задоволуваат стандардите пропишани со овој правилник целосно ќе биде имплементрина од 1 јуни 2024 г.