Skip to main content

Комунална хигиена

Како да се справиме со сметот во летната сезона?

Да се постават онаму каде ги нема, канти за ситен отпад на најфрекфентните локации во градов информираше градоначалникот Пецаков.
 |  Голабовски Крсте  | 
канта

Со зголемување на бројот на туристи, како што Охрид навлегува подлабоко во туристичката сезона, се зголемува и количеството на смет. Уште од раните утрински часови екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ се на терен и не само на најфрекфентните места низ Охрид. Ниската свест за зачување на животната средина и кај охриѓани и кај туристите, прави поставувањето на канти за ситен отпад само да го зголеми бројот на мини депониите, особено на лето.

„Верувајте во летниот период тоа е повеќе од невозможно затоа што ќе настанат депонии насекаде. Очигледно е дека треба многу да работиме за подигање на таа култура за фрлање на отпад буквално од најмали години, за да стигнеме до еден момент за да биде како што треба“, рече Кирил Пецаков – градоначалник на Охрид.

Ќе се направи ревизија на локациите и ќе се постават дополнителни канти за отпад, кажа градоначалникот. „На оние критични точки или поточно на оние места каде има најголема фрекфенција, пред раскрсници, после раскрсници или автобуски постојки , треба да има канти за отпад, доколку нема ќе бидат поставени“, информираше провиот човек на градот. И во минатото, локалната и комуналното претпријатие правеа обиди за спроведување кампањи, за подигање на свеста за јавната чистота. На голем број локации беа поставувани обрачи со најлонски кеси за депонирање на ситен смет, но за брзо време истите беа во целост уништени.

„Често пати низ годините комуналното претпријатије пробува да поставува канти за смет низ улиците, за да може луѓето да го оставаат својот отпад. Меѓутоа, културата кај нас е на такво ниво, за една мала канта која служи за ситни отпадоци настануваат депонии, се фрлаат кеси“, објаснува Кирил Пецаков – градоначалник на Охрид.

И не е само јавната чистота проблем за кој секоја летна сезона ќе пишуваме и зборуваме. Тука е уништувањето на јавните добра. Искршени клупи, уништени реквизити на ново изградени или реновирани детски игралишта, па се до крадење на бекатон плочки за уредување на дворовите или без објаснување, само да се направи штета. Многу како заедница треба да работиме за да го зачуваме она што на сите ни припаѓа и од кое бквално сите треба да имаме бенефит.