Skip to main content

Струшкиот пазар ќе има Хасап систем, но покасно

Наместо до предвидениот рок, ние планираме активностите во целост да ги реализираме до март месец, вели директорот на Комунално.

 |  Колоска Билјана  | 
pazar
пазар

Наместо до предвидениот рок, ние планираме активностите во целост да ги реализираме до март месец, вели директорот на Комунално.

pazarСтушкото комунално претпријатие подготвено да одговори на предизвиците кои ги нудат хасап стандардите. Наспроти ова, за пазарџиите хасап системот е табу тема.
На прашањето „Дали се информирани за спроведувањето на Хасап стандардите“ тие зачудено прашаа што е тоа.
„Се чувствуваме подготвени да обезбедиме услови за продавање на пазарот според  хасап стандардите. Предност имаме во тоа што струшкиот пазар е еден од ретките во Македонија кој има соодветни услови за работење“- вели директорот, Петко Кутаноски. Потенцира дека интензвно се размислува на кој начин да се применат  Хасап стандардите во градскиот пазар.
„Планираме да обезбедиме одреден простор каде би биле сместени продавачите на јајца и млечни производи и истиот да биде опремен по највисоки стандарди“-вели директорот Кутаноски.
За користење на тој простор пазарџиите нема да се изложени на дополнителен тошок. Месечен надоместок ќе плаќаат како и досега, вели директорот. Пололемите обвски за уредување на пазарот ќе бидат на наш терет, додека малите интервенции ќе им ги препуштиме на продавачите, истакна Кутаноски.
Очекува дека спроведувањето на хасап системот ќе примора многу тезгаџии да го напуштат пазарот.
„И финансиските средства но и неинформираноста ќе допринесат бројот на тезгаџии значително да се намали. Во секој случај, во пазарот ќе останат само најуспешните тезгаџии“-истакна Кутаноски.
„За да обезбедиме условите кои ни ги диктира хасап системот ќе ни треба повеќе време од колку што е предвидено со законот. Наместо до почеток на новата година, ние планираме со сите активности да завршиме кон месец март“- потенцира директорот.

{loadposition content9}