Skip to main content

Грaѓаните ќе плаќаат пониски цени за струја, a од 1 декември се враќа евтината тарифа

Поевтина струја во прв и втор блок и евтина дневна тарифа во периодот од 13 до 15 часот од декември.
 |  инфодеск  | 
Струја

Граѓаните ќе плаќаат пониски цени за струја, кажа првиот човек на Регулаторна, Марко Бислимоски Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика посочи дека е намалена и цената која се плаќала за мрежарина, која во изминатите месеци беше повисока и од цената на струјата.

“Донесените цените по блокови за период на високи дневна тарифа се следни: вкупната цена прв блок со вкалкулирана енергија и мрежарина се намалува за 7,04 %, во втор блок се намалува за 4,09%, трет блок зголемување од 2,54% и четврт блок зголемување од 2,42%. Цените во евтината тарифа остануваат речиси идентични, додека кај малите потрошувачи заради заокружување има минимално зголемување од 0,38%. Цените и тарифите што ги носи Регулаторна се без ДДВ. ДДВ на крајната цена влијае над 7%. За домаќинствата со просечна потрошувачка намалувањето на цената на електричната енергија без ДДВ е 4,26%, а вкупниот трошок со ДДВ е 2,5%. “ – изјави Марко Бислимоски претседател на Регулаторна комисија за енергетика.

 Новата цена на електричната енергија треба да стартува од 1-ви јули. Од 1 декември се враќа евтината дневна тарифа за електричната енергија во периодот од 13 до 15 часот, објави на прес-конференцијата Бислимовски.

„Тоа е максимумот што можевме да го направиме и очекуваме во наредниот период да почне промената на броилата.“ – рече Бислимовски.