Општина Охрид
Започна поставувањето на завршниот слој асфалт на улицата “Марко Цепенков”
Вкупната вредност на реконструкцијата изнесува 15 000 000 денари од буџетот на Општина Охрид.
Започна асфалтирањето на улицата “Марко Цепенков” со завршниот слој асфалт.
Асфалт се поставува во должина од 430 метри и ширина од 10.5 метри. Претходно на улицата се постави атмосферска канализација и се уредија партерно тротоарските површини.

Сега улицата “Марко Цепенков” е побезбедна за сите учесници во сообраќајот и доби нов и современ лик.
Вкупната вредност на реконструкцијата изнесува 15 000 000 денари, од кои 5 000 000 денари за поставување на атмосферска канализација се одвоени од буџетот на Општина Охрид.



