Тешка сообраќајка во Струга
Денеска во Струга се случи тешка сообраќајна несреќа во која беше прегазен пешак.
Денеска во Струга се случи тешка сообраќајна несреќа во која беше прегазен пешак.
Лицето е пренесено на лекување во Скопје, а екипите на СВР веќе работат на расчистување на деталите поврзани со овој немил настан.
Денеска на пресекот на ул. „Партизански одреди“ и „Кеј Борис Кидрич“ во Струга, во 14 часот, се случи тешка сообраќајна незгода. Неофицијално дознаваме дека лицето ДП, од с. Радолишта – струшко, со своето возило го прегази лицето АФ, кој во мементот на несреќата се движел по тротоарот. Несреќата настанала кога лицето АФ движејќи се бил прегазен од патничко возило, марка БМВ, со швајцарски регистарски таблички управувано од лицето БД. Тој скршнувајќи со своето возило во спротивен правец од насоката на движење, ја предизвикал несреќата. На местото на несреќата направен е увид од страна на ПС Струга, истражен судија и јавен обвинител. Повредениот АФ бил итно префрлен во Медицинскиот центар во Струга, а потоа и препратен на медицински третман во Скопје. Сторителот ДП е приведен од страна на СВР Струга и против него ќе биде покрената постапка. Екипите на СВР Струга и истражен судија работат на расчистување на случајот.
{loadposition content9}