Skip to main content

УХМР

Во Охрид сончево и топло

Утринската температура до 13 степени, а максималната дневна до 28 степени.
 |  инфодеск  | 
Охрид кеј Фото: Симјаноски

Денеска во Македонија сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Попладне и кон крајот на денот претежно во северните делови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. UV=8

Во Охрид сончево и топло со мала до умерена облачност. Утринската температура до 13 степени, а максималната дневна до 28 степени.

Во четврток ќе дува повремено засилен северен ветер, што ќе услови температурата да се намали за неколку степени, а попладне претежно на запад ќе има појава на повремен пороен дожд и ретки грмежи. Од петок температурата повторно ќе биде во постепен пораст.