Се распаѓаат угостителски објекти на плажите на Преспанско Езеро
На стартот на летната туристичка сезона некогаш современите угостителски објекти на плажите на Преспанското Езеро денес зјаат празни и руинирани. Угостителите велат на Преспа и недостигаат уредени плажи. Најбројни на преспанското крајбрежје последните години се домашните гости и Холаѓаните.
Се распаѓаат угостителските објекти, изградени во 2016 година на плажите на Преспанско Езеро. На стартот на летната туристичка сезона некогаш современите објекти денес зјаат празни и руинирани. Жителите велат пред десеттина години во туристичките села на брегот на Преспа имало над 5000 туристи за викенд, а причина биле убаво уредените плажи.
„Имавме два и пол киломтри уредена и чиста плажа. Од тие 2,5 км во Стење денес нема ни 100 метри уредена плажа. Нити општината не презела досега никакви активности , една година ние самите селани презедовме активности со свои средства сами направивме дел од овие плажи“, вели Славчо Георгиевски – жител на Стење.
И покрај тоа што плажите се уште не се средени, угостителите очекуваат плодна туристичка сезона. Најбројни на преспанското крајбрежје последните години се домашните туристи и холаѓаните.
„Очекуваме во новата сезона голем број на туристи наши од нашата држава. Странските гости најмногу доаѓаат во Стење поради нашиот единствен остров на Преспанско езеро Голем град и пеликаните”, вели Кристијан Стојановски угостител од Стење.
Преспа во 2016 година имаше шест модерно уредени песочни плажи во Претор, Сливница, Крани, Долно Дупени, Отешево и Стење.