Празнична честитка од Градоначалникот на Охрид
Пецаков: Курбан Бајрам нè потсетува на вековната традиција на соживот
Меѓусебното почитување отсекогаш го краселе ова општество и затоа на овие празнични денови се радуваме сите заедно, се вели во честитката од градоначалникот по повод Курбан Бајрам.
По повод празникот Курбан Бајрам, градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков до своите сограѓани од исламска вероисповед упати честитка со желби за добро здравје, љубов и благосостојба во домовите.
„Меѓусебното почитување без разлика на верската, етничката или која и да било друга припадност отсекогаш го краселе ова општество и затоа на овие празнични денови се радуваме сите заедно. Курбан Бајрам нè потсетува дека сите неволји можеме заеднички да ги совладаме како и досега – во духот на вековната традиција на соживот. Ние како локална власт и понатаму посветено ќе работиме со цел да обезбедиме подобри услови за живот, развој и напредок на секој поединец целејќи кон развиен и просперитетен Охрид.“ – се вели во честитката од градоначалникот.