Дописничка за BBC од Вашингтон, Сузан Кианпур денеска на Twitter објасни дека се заљубила во Охридското езеро откако предходно го навлече гневот на Македонците со саркастичен твит.
Таа напиша: „Илон Маск каде е копчето за превод да видам што велат моите нови пријатели од Македонија. Не знам дали се гневни или им е мило што се заљубив во нивната земја по мојата спонтана посета на Охридското езеро. “
Новинарката Кианпур вчера на Твитер објави видео од возење по Охридското езеро со кајче , а на постот напиша: „Дефинитивно не доаѓајте на Охридското Езеро. Охрид е ужасно место во Северна Македонија. Лошо Време. Гужва. „
Некои следачи не го сфатија сарказмот на Кианпур и следуваа голем број реакции.
Предходно, на 25-ти јуни, Кианпур на која посетата на Охрид и е 70-то место од нејзиниот предизвик да посети 100 туристички локации низ светот, објави слики од плажа пришто напиша дека Охридското езеро е поубаво од езерото Комо и додаде дека треба да се посети тој недопрен скапоцен камен пред да стане туристичка замка.
Новинарката во еден твит се обрати до порталот ExpresMK, кои го објавија нејзиниот „несреќен“ твит. “Сарказмот е најниската форма на духовитост” реколОскар Вајлд .. и очигледно тоа не поминува секогаш добро…порача Кианпур.