На 27.06.2023 година во 12.50 часот во СВР Охрид е приведен К.М.С.(21) државјанин на Република Турција. Тој претходно, со прескокнување на метална ограда, неовластено влегол во резиденцијален објект на крајбрежниот појас на Охридското Езеро, постапувајќи спротивно на наредба за забранет пристап, информираат од СВР Охрид. На лицето му е одземена патната исправа и со соодветен поднесок е предаден во Основниот суд во Охрид, за натамошна постапка.