Skip to main content

Се сумираат штетите од невремето

Стотици барања на ден до општината за обесштетување од невремето во Охрид

Само за два дена, до архивата на локалната самоуправа, граѓани од Охрид поднеле четиристотини барања, од кои најголем дел се поднесени од страна на регистрирани земјоделци. Голем е бројот и на барања, кои се однесуваат за материјална штета направена на куќи особено во населбите „Видобишта“ и „Гоце Делчев“.
 |  Голабовски Крсте  | 
штета Охрид невреме

Охриѓани продолжуваат со пријавување на штети, предизвикани од невремето кое викендов го зафати Охрид. Само во првите два дена беа поднесени повеќе од 400 барања за обештетување, од кои најголем дел се поднесени од страна на регистрирани земјоделци. Не е за занемарување и бројот на штети кои невремето ги направи и врз објектите за домување, особено во населбите „Видобишта“ и „Гоце Делчев“ кои и беа најпогодени од невремето. Од Одделението за односи со јавност при Општина Охрид, за ТВМ информираа дека со точна бројка на поднесени барања ќе излезат во текот на наредната недела, односно, по истекот на рокот за поднесување пријави, кој истекува овој петок, 30ти јуни.

Барањата се доставуваат до архивата на локалната самоуправа, заедно со фотокопија од лична карта, имотен лист и трансакциона сметка. Типот на барањата е различен, посебно за направени штети на земјоделски култури, а посебно за направени штети врз објекти за домување. Потоа, барањата ќе ги преземе Комисијата за проценка на штети, која ќе излезе на терен и ќе направи увид на состојбите и ќе направи проценка. Соодветната комисија после направениот увид и проценка, ќе изготви извештај, кој треба да го достави до Советот на Општина Охрид, на некоја од наредните седници. Дали Локалната сама ќе ги покрие штетите или ќе побара интервенција од страна на државата, останува да видиме после проценките кои ќе бидат содржани во извештајот.