Културолошката иницијатива 5 до 12 и оваа година со бројни настани за привлекување на посетители во главниот туристички центар. Програмата стартуваше со летното кино со автомобили, а продолжува надополнето со уште побогати содржини. На 12 јули ќе се одржи традиционалната пловидба со кајчиња и староградска музика по езерото, еден од најатрактивните настани во регионот.
„Тоа ќе биде на Петровден како и годините наназад со Ансамбал Билјана со кајчиња по езерото. Потоа следува дводеневен настан на скејт паркот во Охрид, кој годинава ќе биде малку пофестивалски. Првиот ден ќе биде повеќе музички и дружба на скејтерите а вториот ден ќе биде официјално натпреварот”, вели Јован Цветкоски од Културолошката иницијатива 5 до 12ч.
Завршен настан ќе биде „Охрид град музеј на музика, уметност и култура“. На улицата Цар Самоил ќе има изложби, работилници, поетски читања. Од Културолошката иницијатива 5 до 12 велат дека ги радува фактот што сите настани се добро прифатени како од охриѓани така и од туристите .
„Да го направиме Охрид отворен град музеј. Во Стариот дел од градот ќе се одвива, конкретно на улицата Цар самоил каде што има доста музеи има работилници за филиграни, стара хартија, резбарство. Така што паралелно до 20ч до полноќ ќе се одржуваат повеќе настани изложба перформанси , работилници со цел стариот град да биде една сцена и да се доживее охридската магија” додава Цветкоски.
И годинава на 06 август ќе се одржи и манифестацијата „Кафе на изгрејсонце”. Во овие пет годнини културолошката иницијатива 5 до 12 има организирано над 50 настани и се надаеваат дека ќе продолжат со истото темпо и воведување на новитети.
Новинар Соња Рилковска