Skip to main content

Паневропската Унија на Македонија

Во Охрид се одржа дебатата „Европеизација на Македонија – дали сме на добар пат“

Охрид дел од циклус кафе дебати на кои се дискутираат теми за превземените иницијативи на локалните заедници, во насока на приближување на Македонија кон Европската Унија. Дебатите ги организира Паневропската Унија на Македонија.
 |  Голабовски Крсте  | 
Лапавцов

Охрид домаќин на циклусот кафе дебати низ повеќе градови низ Македонија, насловени како „Европеизација на Македонија – дали сме на добар пат“. Дебатите се во организација на Паневропската Унија на Македонија, а на нив се дискутираат теми за превземените иницијативи на локалните заедници во насока на приближување на Македонија кон Европската Унија.  Европските практики и нивното спроведување, треба да започнат од локалните средини, истакна,  Андреј Лепавцов – Претседател на Паневропската  Унија на Македонија.

„Доколку локалната средина има желба има луѓе кои вистински тоа може да го направат, треба да се поттикнат и мотивираат уште подобро да го прават тоа. Идејата е да живееме европски во нашата локална средина.“ – кажа Андреј Лепавцов – Претседателот на Паневропската  Унија на Македонија.

Не оддалечувајќи се од реалниот живот во локалните заедници и имајќи го предвид сознанието дека иницијалните промени се прават во локалните средини, на дебатата беа споделени определени искуства во врска со реалните и искористените можности на нашата земја: економските, еколошките, инфраструктурните, урбано – руралните, спортско-рекреативните и други.

„Точно, треба од најниско ниво да почнеме за да стигнеме и да се европеизираме како држава. Имаме доста за работа во функционирањето на самиот систем на државата како држава, но тоа е друга тема на која Македонија како држава во наредниот период треба сериозно да се посвети.“ – изјави Кирил Пецаков – Градоначалник Општина Охрид.

Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор на РМ во Бугарија, истакна дека во споредба со земјите од соседството, извесен период како држава имавме постигнато сериозен исчекор во спроведување на европските практики, не само споредбено со земјите од Западен балкан, туку и со некои сега веќе земји членки на ЕУ, како Бугарија и Романија 

„Во последните неколку години имаме застој на европскиот процес, бидејќи немаме македонско национално единство. Но ценам дека со она што го имаме постигнато како достигнување во сите реформски процеси во изминатите 24 години од 1999 година и се она што е постигнато во однос на нашата визија за Македонија како евроспка земја имаме сеуште шанси во догледно време доколку Европа процени дека нашиот процес е легитимен на пристипаување, доколку сака проширување мислам дека сме понапред и од Србија и од Црна Гора.“ – изјави Марјан Ѓорчев – поранешен амбасадор на РМ во Бугарија.

Идејата е додека траат сите овие тешки разговори во државата, околу нашиот напредок кон ЕУ, што ние да правиме во тој меѓу период? Дали добро си ја одработуваме домашната задача, дали си го чистиме сопствениот двор, и дали имаме план како тоа да го реализираме, објасни организаторот на дебатата Лепавцов. Учесници на кафе средбата беа и Ректорот на Американ Колеџ,Марјан Бојаџиев, професорот од Економски факултет, Љубомир Кекеновски и Претседателот на Ротари Клубот, Олег Маленко.