Сара Ѓорѓиеска од ГКК Охрид дел од националната репрезентација на Европско
Сара Ѓорѓиеска од ГКК Охрид на списокот на 12-те репрезентативки кои ги бранат боите на Македонија на Европското првенство до 18 години во Софија, Бугарија.
„Браво Сара,ние сме горди на тебе,ти посакуваме многу успех и среќа во националниот дрес. „ – и порачаа од клубот.
Женската репрезентација на Македонија под 18 години, денеска напладне ги започна натпреварите од Европското првенство Дивизија „Б“ со меч против Холандија кој го загубивме со 64:43.
Македонија е дел од групата „А“ на овој шампионат, во која за ривали ги имаме селекциите на Хрватска, Данска, Исланд и Холандија.
Во сабота Македонија е слободна, во недела игра против Исланд , а во понеделник против Хрватска.
Нашата национална селекција ќе се обиде да го реализира планираното, евентуален „премин“ во втората фаза од шампионатот.