На големата меѓународна веслачка регата – Војводина Опен што се одржа на викендов на Паличко Езеро, веслачите на ВК Црн Дрим – Струга постигнаа забележителни резултати.
Во силна конкуренција од вкупно 22 екипи од : Србија , Турција , Бугарија , Унгарија и Македонија треба да се истакне големиот успех на младата Ана Прентоска , која во дисциплината скиф за пионерки на 1000 метри го освои одличното второ место и сребрениот медал , додека во дисциплината скиф за сениорки Елена Столеска во силна конкуренција избори пласман во финалето каде го освои шестото место .
Останатите натпреварувачи кои достојно ја претставија нашата држава беа :
-Климентина Стојмилоска , Христијан Китаноски , Никола Мариноски , Александар Хиохи , Вања Кукунеш , Андреј Симоновиќ , Цвете Димоски , Леон Шутиноски предводени од тренерите Игор Скепароски и Марјан Влаќески.