Македонската ракометна репрезентација се најде на 18-тото место на најновиот ранкинг на Евопската ракометна федерација. Рангирањето е направено според настапите на машките репрезентации на последните три големи натпреварувања, Светското првенство 2021 и 2023 година и ЕХФ ЕУРО 2022, вклучувајќи ги и нивните квалификациски натпревари.
Македонија има 94 бодови, доволни за да го заземе 18тото место, на четири бода пред Австрија, десет зад Чешка. Листата ја предводи Данска. Од селекциите од Балканот Македонија е петта зад Хрватска, Словенија, Србија и Црна Гора, а пред Босна и Косово.
Оваа листа е важна за бараж мечевите за пласман на Светското првенство, но и за шеширот во кој треба да се најде пред стартот на квалификациите за Мундијалот 2025 година. Ова значи дека Македонија ќе игра еден бараж, и треба да се најде во првиот шешир.