Skip to main content

Стрип центар на Македонија

Промоција на стрип книгата „АВАНТУРИТЕ НА КИКО И ВЕКИ“ на Јордан Манасијески

Промоцијата на „АВАНТУРИТЕ НА КИКО И ВЕКИ“ ќе се одржи во четврток со почеток во 19 ч во Културен информативен центар КИЦ „КУЛТУРА 365″ Охрид.
 |  инфодеск  | 
Strip kniga

Во четврток (06.07) ќе биде промовирана стрип книгата „АВАНТУРИТЕ НА КИКО И ВЕКИ“ на Јордан Манасијески од Охрид.

Се работи за издание на Стрип центарот на Македонија-Велес во склоп на Годишната програма на Министерството за култура на Република Северна Македонија за 2023 (сектор издаваштво)

Авторот Јордан Манасијески е роден 1948 г и има завршено Ликовно педагошка академија во Скопје во 1969 г. Тој уште од 1981 г црта стрипови со истите јунаци,

Промоцијата на „АВАНТУРИТЕ НА КИКО И ВЕКИ“ ќе се одржи во четврток со почеток во 19 ч во Културен информативен центар КИЦ „КУЛТУРА 365″ Охрид на ул. „Цар Самоил“ 34 (Стар град веднаш после Долна порта).

strip kniga KIko i VEki