Дeновиве започна изградба на енергетско ефикасна фасада и во ОУ „Св. Наум Охридски во Пештани.
Проектот за реконструкции, енергетско ефикасни фасади и изградби на училишта е финансиран од Министерството за образование и наука. Со буџет на МОН од над 4,5 милиони евра предвидени се реконструктивни активности во 50 училишни објекти во повеќе општини низ државата.
Градежните активности предвидуваат подобрување на условите за настава, подигнување на енергетската ефикасност на објектите, како и унапредување санитетско – хигиенските услови и пристапноста на објектите за учениците и лицата со попреченост.
Средствата се обезбедени во буџетот на МОН преку одделението за капитални инвестиции, проектната единица за изградба на 145 спортски сали и рехабилитација на училишни објеки, а најголем дел од училиштата, односно 40 објекти ќе бидат опфатени со реконструктивни активности со поддршка од Светската банка која го финансира спроведувањето на Проектот за унапредување на основното образование.