Skip to main content

СВР Охрид

Пуштена во употреба за редовен сообраќај делницата од клучка „Петља” до Подмоље

Денеска од 11 часот, пред истекот на дадениот рок, за редовен сообраќај ќе биде пуштена во употреба делницата од магистралниот пат Охрид-Кичево, на потегот сообраќајна клучка „Петља” до Подмоље.
 |  инфодеск  | 
Подмолје

Од денеска пуштена во употреба за редовен сообраќај делницата од клучка „Петља” до Подмоље.

Денеска од 11 часот, пред истекот на дадениот рок, за редовен сообраќај ќе биде пуштена во употреба делницата од магистралниот пат Охрид-Кичево, на потегот сообраќајна клучка „Петља” до Подмоље која, поради градежни работи, од минатиот месец,  беше затворена за сообраќај. Со тоа престанува да важи задолжителниот времен режим за сообраќај и задолжителното пренасочување на сообраќајот по стариот пат Охрид-Струга.“ – информираат од СВР Охрид.
Оттаму апелираат до возачите на внимателно управување со своите моторни возила и прилагодување на брзината спрема состојбите и условите на патот.