На 8-ми јули кај Долна Порта ќе се одржи првиот „Ракија базар“ во Охрид во организација на здружението Македонски Дестилерии – Ракиџии.
Организаторот најавува учество на 25 семејни дестилерии на фестивалот.
Дестилериите се регистрирани семејни бизниси кои произведуваат преку 50 етикети на квалитетни ракии, вињаци, ликери.
„Ракија базарот“ ќе започне во 16 часот.