Skip to main content

Meta му фрли ракавица на Маск

Дали Threads ќе го „убие“ Twitter

Meta ја лансираше Threads, ривалската апликација на Twitter. Апликацијата забележала пет милиони регистрации во првите четири часа од своето постоење.
 |  инфодеск  |  ,
Threads-Twitter

Основачот на Мета, Марк Закерберг, ја лансираше долгоочекуваната апликација Threads, која би требало да биде главен конкурент на Twitter на Илон Маск.

„Ајде да го направиме ова. Добредојдовте во Threads“, напиша Закерберг во својата прва објава на апликацијата, заедно со емотикони со оган.

Тој додаде дека апликацијата забележала пет милиони регистрации во првите четири часа од своето постоење, пренесува Ројтерс.

Threads

Слично на Twitter, апликацијата има кратки текстуални објави на кои корисниците може да означат дека им се допаднале, да ги реобјават/споделат и да коментираат. Објавите може да бидат долги до 500 знаци и да вклучуваат фотографии и видеа до пет минути. Достапен е во повеќе од 100 земји во продавниците на Apple App и Google Play, според блогот на Мета.

Аналитичарите велат дека главната предност на новата апликација би можела да биде поврзаноста на Threads со Instagram и неговата база на корисници, како и нејзиниот рекламен мотор. Тоа би можело да ги намали приходите од реклами за Twitter во време кога новото раководство на компанијата се бори со проблеми.

Иако Threads беше лансирана како самостојна апликација, корисниците можат да се логираат со нивните имиња и лозинки на Instagram и да ги следат истите сметки, што потенцијално ќе го направи лесен додаток за повеќе од две милијарди месечни активни корисници на Instagram.

Aкциите на Мета пораснале за 3% во средата пред лансирањето на Threads. Маск го купи Твитер за 44 милијарди долари во октомври минатата година, но неговата вредност оттогаш драстично опадна бидејќи се соочи со откажување од огласувачите поради контроверзноста за ограничувања на содржините