Skip to main content

СВР Охрид

Возило излета од патот кај Рача, четворица повредени

Kај населбата Рача, патничко моторно возило „БМВ” со скопски регистарски ознаки управувано од 26 годишен жител на Скопје излетало надвор од коловозот.
 |  инфодеск  | 
пат Охрид Рача

На 05.07.2023 година во 20.30 часот, на регионалниот пат Св. Наум – Охрид кај населбата Рача, патничко моторно возило „БМВ” со скопски регистарски ознаки управувано од Д.К.(26) од Скопје излетало надвор од коловозот.

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатници Д.А.(25) и Н.Т.(23), двајцата од селото Пешатни, охридско, а со телесни повреди се здобил возачот и уште еден сопатник М.К.(26) од Пештани, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо” во Охрид. “ – информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Увид изврши  увидна екипа од СВР Охрид.