Skip to main content

ТИ СИ ТВОЈОТ ГРАД

Нели ќе немаше градежни работи во сезона, прашуваат жители на ул. Даме Груев

„Нели забранивте за време на летната сезона прекопувања на улици, тротоари и патеки, или тоа не важи за општината ?!“- прашуваат граѓаните.
грдежни работи Даме Груев

Жители на ул. „Даме Груев“ кај старото кино реагираат преку рубриката Ти Си Твојот Град поради градежни зафати за, како што велат, крпење дупки сред туристичка сезона.

„ Има тука станови на луѓе кои дошле во Охрид да одморат. Има и станоиздавачи кои ги чекаат овие два месеци да сместат некој турист. Но, како по некое непишано правило, секоја сезона на улицата мора нешто да се гради, копа, прекопува. Така и оваа, во јули се сече асфалт, се крпат дупки, се прави бука, се крева прашина, се блокира улицата„ – велат граѓаните.

Додаваат дека улицата Даме Груев е блокирана се додека екипите, кои претпоставуваат дека се ангажирани од Нискоградба, работат на делови од коловозот.

Прашуваат дали за оваа улица не важи забраната на локалната самоуправа за изведување градежни работи од 1ви јули до до 31 август.

„Нели забранивте за време на летната сезона прекопувања на улици, тротоари и патеки, или тоа не важи за општината ?!“– прашуваат граѓаните.