Во насока на подобрување на условите за одвивање на наставниот процес, Општина Охрид набави нови клупи и столчиња за ОУ „Христо Узунов“.
Со нови клупи и столчиња опремени се 13 училници, а вредноста на инвестицијата е околу 1 700 000 денари. Средствата се одвоени од буџетот на Општина Охрид.
„Продолжуваме и понатака во исполнување на нашата цел, а тоа е издигнување на воспитно – образовниот процес на повисоко ниво.“ – напиша градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков во објавата на Фејсбук.