Skip to main content

СВР Охрид

Охриѓанец со возило удрил во пешак и три паркирани возила на ул „7 ноември“

По наредба на јавен обвинител, увид извршија полициски екипи.
 |  инфодеск  | 
ул 7 ноември

На 07.07.2023 година во 04.20 часот, на улицата „7 ноември” во Охрид патничко возило „форд фокус” со охридски регистарски ознаки, управувано од А.К.(21) од Охрид удрило во пешак И.К.(41) од Охрид, паркирани патнички возила „фиат пунто” и „волво” со охридски регистарски ознаки и „мазда 5″ со српски национални ознаки. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, а возачот А.К. со телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо” во Охрид, информираат од СВР Охрид.

По наредба на јавен обвинител, увид извршија полициски екипи.