Skip to main content

Центар за јавно здравје Охрид

Водата во Охридско Eзеро и понатаму со одличен квалитет според анализите на ЦЈЗ

Одличен е квалитетот на површинскитре води, речиси од сите мерни местa, во однос на микробиолошките и хемиските својства, покажуваат најновите анализи на Центарот за јавно здравје. Со зголемување на температурите и бројот на туристи во месеците јули и август, се очекува одреден пад на квалитетот на водата, но од центарот велат дека будно ќе ја следат ситуацијата.
 |  Голабовски Крсте  | 
Точков

Центарот за јавно здравје од Охрид, континуирано го следи квалитетот на површинските води на Охридското Езеро на сите мерни места. Последните спроведени анализи на потегот од Св.Наум до Радожда, покажаа дека водата е со исклучително добар квалитет, микробиолошки одлична, а хемиски е од прва класа, објасни директорот на Центарот Сашо Точков.

„Без никаков проблем сите оние кои што сакаат да дојдат овде, може да се капат во апсолутно чиста и здравствено безбедна вода. Она што следи е периодот на јули и пред крајот на август кога имаме најголем пад на квалитетот на водата заради најголемиот број на туристи, ќе ја следиме состојбата и навремено ќе ве инфорираме.“ – вели Точков.

Плажа

Примероци се земаат и се прават анализи еднаш неделно, а јавноста ќе биде информирана месечно, за квалитетот на водата. Неодамнешното невреме кое го зафати Охрид и предизвика материјална штета, како на објектите за домување и на земјоделските насади пак, благотворно делувало на квалитетот на водата на нашето езеро, објаснува Точков.

„Напротив водата се измеша, се исчисти. Имаше добра растоврливост со кислород, така да можам да кажам дека водата е со добар квалитет.„ – посочува Точков.

Во периодот кој следи вели Точков, исклучително внимателно ќе се следи квалитетот на водата кај едриличарскиот клуб, кај Билјанини извори, односно Студенчишкиот Канал, како и квалитетот на водата кај Градска плажа кај Грашница, кои годиниве наназад се покажаа како мерни места каде квалитетот на водата е послаб.