Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец (над 60 km/h). UV=8
Во Охрид сончево со слаб до умерен ветер. Утринската температура до 15 степени, а максималната дневна до 28 степени.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Следува период на стабилно и суво време. Од понеделник температурата насекаде ќе биде во значителен пораст.