Денеска од 16 часот кај Долна Порта ќе се одржи првиот „Ракија базар“ во Охрид во организација на здружението Македонски Дестилерии.
Најавено е учество на над 25 семејни дестилерии со преку 50 етикети на квалитетни ракии, вињаци, ликери…
Сите излагачи – дестилерии се регистрирани во регистерот на производители.
Со оглед дека голем дел од дестилериите се и регистрирани семејни винарии, предвидена е дегустација и на вина.
Настанот е поддржан и од Slow Food Ohrid.
На базарот посетителите ќе имаат можност да вкусат деликатеси изработени со многу љубов и посветеност од членовите на Slow food Ohrid :

Вината од Monastery Winery Опеница

Специјалитетите од Пирустија Неданоски

Локалните специјалитети на Sezer’s Organic Farm

Лебовите на Весна Миленкоска Иницијатива #зготвииподари

Макалата од Papas Food Ohrid

Будимир Соколовиќ со коњакот “Premium brandy” зреен 6 години во барик, дабова бочка од македонски (кичевски) даб. Villa & Winery Mal Sv. Kliment

Сања Бачевски Sanja’s microgreens