Skip to main content

Македонски семејни дестилерии

Охриѓани и туристите во голем број го посетија првиот Ракија базар

Странските туристи беа воодушевени од македонската домашна ракија.
 |  инфодеск  | 
Ракија базар

Над 25 семејни дестилерии со преку 50 домашни ракии, вињаци, ликери и вкусни деликатеси, викендов се претставија на првиот Ракија базар што се одржа во Охрид. Во автентичниот амбиент кај месноста Долна Порта посетителите уживаа во староградска музика, храна и прочуениот македонски пијалок.


Традицијата за правење ракија во земјава постои со векови. Најпрво се правела само од грозје, а денес и од други видови овошје.

„Решивме овој настан за прв пат да го организираме токму во Охрид за да можат не само нашите домашни гости туку и странските туристида се запонзаат со нашите убави и квалитетни производи. Ракијата кај нас се произведува и од грозје и од различни видови грозје“ , вели Весна Гогова потпретседател на Здружението Македонски дестилерии.

На базарот посетителите имаат можност да вкусат и традиционални охридски деликатеси ѓомлезе, пити, домашен леб, макало… Странските туристи беа воодушевени од македонската домашна ракија.


Ние сме од Чешка и отсекогаш сакав да вкусам ракија и конечно еве. Многу ми се допадна , има убав вкус се чувствува грозје“, вели гостин од Чешка.

„Вкусот му е како Македонија многу ни се допадна“, вели туристка од Чешка.

„Многу ми се допаѓа, фантастично“, вели гостинка од Унгарија.

„Многу убав пијалок, многу ни се допадна“, вели гостинка од Унгарија.

„Многу ми се допадна кремот од лук, совршено. Многу убаво искуство, храна, вода сонце“, вели еден гостин од Унгарија.


Целта на првиот Ракија Базар во организација на Здружението Македонски дестилерии е промоција и дегустација на домашната традиционална ракија.

Новинар Соња Рилковска