Skip to main content

Успешната охридска фирма постојано ја проширува својата дејност

ТАМАРО сериозно се докажува и во кетеринг бизнисот

Комплетно кетеринг решение за родендени, домашни слави, приватни забави и прослави до сериозни менија за свадби и корпоративни бизнис настани.
 |  инфодеск  | 
кетеринг ТАМАРО

Трговската фирма Тамаро , покрај ланецот маркети и слаткарата  Анабела и пекарата, на пазарот сериозно се наметна и докажа и со своите кетеринг услуги.

Во 2016 година, во склоп на „Анабела“ започнува со работа и „Тамаро“ пекарата, а производството е проширено на над 500 м2 во кои работат и слаткарата и кујната за готови јадења „Анабела“. Две години подоцна покрај подготовката на готови јадења, кои им се достапни на потрошувачите низ ланецот маркети, започна активно да нуди и кетеринг услуги.

Тимот составен од 13 вработени во кујна подготвуваат храна од квалитетни свежи намирници, сервирана и декорирана за секаква пригода.

Комплетно кетеринг решение за родендени, домашни слави, приватни забави и прослави до сериозни менија за свадби и корпоративни бизнис настани.

Без оглед колку е мал или голем  настанот, тимот на Анабела кујна и Тамаро се секогаш подготвени за да ја украсат и збогатат Вашата трпеза со свежи салати, топли и ладни предјадења, главно јадење со гарнир и десерт.

Сите кои се увериле во квалитетот на храната, услугата, љубезноста, виското ниво на хигиена и уредност секогаш повторно им ја доделуваат довербата за своите приватни или деловни пригоди.

За информација во врска со кетеринг услугите на Анабела и Тамаро но и за нарачка или достава на храна до адреса можете да се обратите на тел: 078 215 636 (од понеделник до сабота до 15 часот).