Од денес 10 јули градскиот базен “Атина Бојаџи” е отворен за користење, известуваат од ЈП “Билјанини Извори”.
Рекреативното користење на базените е од 13 – 19 часот додека утринските часови и дел на попладневните часови се резервирани за пливачките школи. Дневниот билет за рекреативно користење е 100 денари.