Во тек е увид на штетите од невремето во Охрид од страна на Комисијата за проценка
Во тек е увидот од страна на Комисјата за проценка на штети, после страшното невреме кое кон крајот на месец јуни ги зафати општините Охрид и Дебрца. Билансот после невремето, речиси во целост уништени земјоделски насади и голема материјална штета на објекти за домување, особено во населбите „Видобишта“ и „Гоце Делчев“ во Охрид, кои и беа најпогодени од невремето.
Досега во архивата на Локалната се обработени 500 барања. Од Локалната велат дека сигурно уште толку ќе има во периодот кој претстои. Комисијата ќе врши увид согласно барањата, како ќе пристигнуваат. Истовремено се врши и селекција на барањата со непотполна документација.
Соодветната комисија после направениот увид и проценка, ќе изготви извештај, кој треба да го достави до Советот на Општина Охрид, на некоја од наредните седници. Дали Локалната сама ќе ги покрие штетите или ќе побара интервенција од страна на државата, останува да видиме после проценките кои ќе бидат содржани во извештајот.