Денеска во Охрид сончево и топло време со слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Максималната дневна температура ќе се искачи до 30 степени. UV=9
Под влијание на топол бран следува период на стабилно и многу топло време со значителен пораст на температурата. Од среда дневната температура во поголемиот дел од земјава ќе биде над 35 степени, а понекаде ќе надмине и 40 степени и ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури.