Во рамки на реализацијата на Градската плажа во Пештани, се гради и опремува со реквизити и детско игралиште.
Денес, се работи на поставување на детските реквизити на детското игралиште на градската плажа во Пештани, објави на Фејсбук градоначалникот Пецаков.
Изведувач на активностите е ЈП „Градски пазар“ и компанијата „Дион градител“.
Средставата за изградба на игралиштето се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.
Предходно од крајбрежјето беа отстранети кајчињата и беше уредена плажата која ќе биде слободна за користење на пештанци и туристите.