Skip to main content

Охрид низ објективот на фотографот Јонче Поп Стефанија

Вечерва отворање на изложбата на стари фотографии “Охрид 1940 – 45”

Изложбата “Охрид 1940 – 45” претставува ретка можност да се видат фотографии од Охрид снимени во периодот на Втората светска војна, како и пред започнувањето на војната, а дел од фотографиите се снимени веднаш по ослободувањето на Охрид, од фотографот Јонче Поп Стефанија.
stari fotografii Ohrid

Вечерва во 20 часот во НУЦ “Куќа на Уранија” – МАНУ во Охрид ќе биде отворена изложбата на стари фотографии насловена “Охрид 1940 – 45”.

Изложбата “Охрид 1940 – 45” претставува ретка можност да се видат фотографии од Охрид снимени во период од 1940 до 1945 година од фотографот Јонче Поп Стефанија (1915, Охрид – 1983, Охрид).

Фотографиите се изработени од оригинални негативи, на архивска хартија и истите се од колекцијата на Македонскиот центар за фотографија. Автор на изложбата е Роберт Јанкулоски, универзитетски професор и директор на Македонски центар за фотографија.

Изложбата го опфаќа периодот на Втората светска војна како и времето пред започнувањето на војната, а дел од фотографиите се снимени веднаш по ослободувањето на Охрид.

На фотографиите е прикажан животот во Охрид за време на војната, граѓаните, војниците присутни во градот и секојдневните активности на Охриѓани.
Изложбата ќе биде поставена до 19 јули 2023 го