Skip to main content

Визите паѓаат вечерва на полноќ

Визниот режим за граѓаните на Македонија за Шенгенската зона паѓа од ноќеска на полноќ, што ќе биде одбележано со повеќе пригодни манифестации.

viza
виза
Визниот режим за граѓаните на Македонија за Шенгенската зона паѓа од ноќеска на полноќ, што ќе биде одбележано со повеќе пригодни манифестации.

По тој повод, вечерва во Скопје е прогласена „Бела ноќ“, што значи дека локалите и културните објекти ќе работат до рано наутро.

karikaturaЦентралнaтa забава ќе се одржи на плоштадот Македонија, каде што граѓаните неколку часови ќе ги забавуваат најпознатите македонски пејачи, најголемата балканска ѕвезда Здравко Чолиќ и британскиот техно и поп диџеј  Фетбој Слим.

Како што најави организаторот „Литиум рекордс”  концертот започнува во 18 часот, а својот настап го потврдија Слаткаристика, ДНК, Елвир Мекиќ, Тони Зен, Јован Јованов, Ламбе, Адриан Гаџа, Елена Ристеска, Каролина, Есма, Калиопи, Владо Јаневски и Влатко Стефановски трио.

Настапот на Здравко Чолиќ е закажан за некаде по 22 часот, а диџеј Фетбој Слим ќе настапи во 00,30 минути.

Македонската влада по повод визната либерализација во сабота организира еднодневен излет за сто граѓани, кои ќе бидат придружувани од најдобрите студенти и од група новинари.
Европската унија ги укина визите за граѓаните на Македонија, Србија и Црна Гора, кои со биометриски пасоши можат да патуваат во 25 држави членки на Европската унија, освен Велика Британија и Ирска, како и во Норвешка, Швајцарија и Исланд.

{loadposition content9}