Skip to main content

УХМР

Топол ден во Охрид со температура до 32 степени

Вредноста на UV зрачењето ќе биде 10. Носете соодветна заштита од сончевите зраци.
 |  инфодеск  | 
Ezero kaj Kapetanija

Сончево и многу топло време денеска во Охрид. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. По утринската температура од 16 стњпени , максималната дневна ќе се искачи до 32-иот степен. Вредноста на UV зрачењето ќе биде 10. Носете соодветна заштита од сончевите зраци.

Под влијание на топол бран следува период на стабилно и многу топло време со дневни температури во поголемиот дел од земјава над 35 степени, а утринските во Скопје и во јужните делови нема да се спуштаат под 20 степени. Особено топло ќе биде во четврток и петок кога наместа температурата ќе надмине 40 степени и ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури.