Skip to main content

Општина Дебрца

Општина Дебрца започна со изградба и реконструкција на патишта и улици во повеќе села

Средствата се обезбедени од буџетот на општината и преку проект на Министерството за транспорт и врски со поддршка на Светска банка.
 |  инфодеск  | 

Општина Дебрца започна со реализација на Годишната програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на општинските патишта и улици за 2023 година.

Во рамките на програмата ќе бидат изградени или реконструирани / рехабилитирани улици во повеќе села, како и крпење на ударните дупки на асфалтните коловози.

Во рамките на Програмата и проектот за поврзување на локални патишта, кој се спроведува преку Министерството за транспорт и врски и со финансиска поддршка на Светска Банка ќе се реконструира улица во село Волино, на потегот од мостот на каналот на река Сатеска, на патот Волино-Мешеишта до мостот на патот Волино-Требеништа и селскиот плоштад.

Во првата фаза се работи во селата Требеништа, Ботун и Белчишта.