Skip to main content

Свечено отворање со грандиозен концерт на оперската дива Анџела Георгиу

Охрид од вечерва ќе живее со уметноста, започнува Фестивалот Охридско лето

На сцените на Атичкиот театар, црквата „Св. Софија“, сцената на Долни Сарај и Центарот за култура „Григор Прличев“ во фестивалските денови до 20-ти август ќе се одвиваат врвни настапи на светски познати имиња од музичката и драмската уметност.
 |  инфодеск  | 
охридско лето

Оперската дива Анџела Георгиу, заедно со Оркестарот на Националната опера и балет на Македонија и под диригентската палка на Чипријан Теодорашку од Романија, вечерва, во 21 часот на Античкиот театар во Охрид го отвора годинашното 63. издание на фестивалот „Охридско лето“.

Светски познатата сопранка Георгиу е уметница која ги полни најголемите сали низ светот, познатите „Карнеги хол“, „Метрополитен“. Георгиу важи за една од најгламурозните оперски ѕвезди на денешницата. Нејзиниот прекрасен глас ја прави сцената блескава секаде каде што настапува по светот. Се вбројува меѓу најдобрите изведувачи во историјата на операта, со исклучителен вокал, техника и длабока драмска и музичка интелигенција.

Фестивалот за отворен ќе го прогласи е претседателот Стево Пендаровски кој е и покровител на оваа најголема музичко-сценска манифестација во земјава и регионот, а обраќање ќе има и министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.

На сцените на Атичкиот театар, црквата „Св. Софија“, сцената на Долни Сарај и Центарот за култура „Григор Прличев“ во фестивалските денови до 20-ти август ќе се одвиваат настапи на светски познати имиња од музичката и драмската уметност.

Вљубениците во уметноста ќе имаат можност да уживаат во 34 концерти и седум театарски претстави, а програмата ќе биде збогатена и со балет, изложба на фотографии и промоција на книга. На фестивалот ќе настапат повеќе од илјада уметници од над дваесет земји од светот – Србија, Чешка, Италија, Словенија, Полска, Франција, Турција, Израел, САД, Украина, Шпанија, Црна Гора, Грција, Германија, Романија, Португалија, Египет, Русија и Македонија.

Оперската дива Георгиу ќе го отвори Охридско лето, Џон Малкович во театарската програма | Портал ТВМ (tvm.mk)