Новото открите во изворите Св Наум ја потенцира потребата од заштита на уникатниот екосистем
Изворите Свети Наум во центарот на вниманието на домашната и светска научна јавност: откриени се два нови видови полжави.
Ова фасцинантно, научно откритие повторно ја потврдува и изнесува на виделина извонредната биолошка разновидност со која се одликува овој уникатен еко систем, вели Константин Здравески, Соработник за алтернативни активности и проектен лидер- ЈУНП Галичица.
Првиот од двата новооткрени видови полжави е именуван како Ancylusnaumiensis n. sp., вид кој за прв пат беше забележан во 1996 како “Ancylus sp. D“, но не беше потврдена неговата посебност и карактеристики на нов вид, заради недостиг на морфолошко-таксономски податоци.
„Уште поголемо е значењето и откритието за вторио твид- Ohridonaumiatrajanovski n. sp кој е целосно новоопишан, и тоа не само како вид туку и како род кој за прв пат се спомнува за Изворите Свети Наум. Уште еден куриозитет за овој вид, е неговата номенклатура, односно видот е именуван според Проф. Др. Сашо Трајановски (Ohridonaumiatrajanovski), еминентен и истакнат научен работник од Хидробиолошки институт Охрид, во чест на неговата две и пол децениска посветена заложба за заштита и промоција на Охридското Езеро и неговиот уникатен жив свет.“ – посочува Здравески.
„Описот и на двата вида, нивната ендемска природа и посебност повторно покренуваат низа научно-интригантни прашања за нивната еволутивна генеза но и улога во деликатната рамнотежа на овој воден рај. Истите ја потврдуваат посебноста на изворите како извонредна природна креација и ја потенцираат потребата од нивна хитна, неодложна и долгорочна заштита.“ – вели Здравески.
Новите информации за постоењето на два нови видови и еден род на гастроподи (полжави) кои до сега не биле забележани и идентификувани во изворите кај Св Наум се најголемиот дострел на повеќегодишно истражување кое кулминираше со имплементацијата на проектот Извори Св. Наум – Биолошка и Инвенторизација на екосистемските услуги, финансиски поддржан од УНЕСКО Канцеларијата за образование и наука во Венеција и добротворната abrdn фондација.
Имплементатор на проектот е Јавната установа Национален Парк Галичица а идентификацијата на новите видови беше направена во соработка со Универзитетите во Белград, Подгорица и Лодз (Полска) и вклучуваа морфолошки и генетски испитувања.
Возбудливо откритие во изворите кај Св. Наум | Портал ТВМ (tvm.mk)