Владата го утврди предлог законот кој предвидува намалување на „розовиот данок“
На вчерашната редовната седница, Владата, на предлог на Министерството за финансии утврди текстови на три предлози на закони, чиишто одредби се усогласуваат со директиви на Европската Унија и европското право. Владата го утврди текстот на Предлогот на закон за измена и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност.
Со предлог измените и дополнувањата на Законот, како што е образложено од ресорното министерство, се следат измените на Директивата на Европската Унија со којашто се уредува данокот на додадена вредност. При тоа, во делот што се однесува на даночните стапки, се врши ревидирање на примената на повластена стапка, а во насока на усогласување со европското право и следење на ограничувањата кои се поставени. Односно: се врши намалување на стапката од 18% на 5% за прометот со менструални производи со цел поттик за поголема заштита и хигиена кај одредена група на граѓани.” – информираа од прес службата на владата.
Покрај стапката на т.н розов данок, се намалува даночната стапка и за дигиталните учебници; се зголемува стапката на ДДВ од 5% на 10% на производи за човечка исхрана коишто не се дел од основните производи потребни за човечка исхрана; се зголемува даночната стапка за прометот и увозот на пелети, печки на пелети и котли на пелети од повластена даночна 5% на редовната стапка од 18%.