Злато, сребро, два бронзени медали и пофалници за македонската екипа на математичка олимпијада во Јапонија
На 64. Интернационална математичка олимпијада (ИМО 2023) – најпрестижниот математички натпревар за ученици од средните училишта, која годинава се одржува од 2.07-13.07.2023 година во Чиба, Јапонија – македонската репрезентација постигна одличен успех!
На овој светски мегдан за извонредност македонската екипа се закити со еден златен, еден сребрен, два бронзени медали и две пофалници.
ДАМЈАН ДАВКОВ (златен медал; со освоени 32 поени)
АЛЕКСИЈ ТАСИЌ (сребрен медал; со освоени 25 поени)
НИКОЛА ЦВЕТАНОСКИ (бронзен медал; со освоени 23 поени)
НИКОЛА СПИРОВСКИ (бронзен медал; со освоени 19 поени)
ЈАН СТОЈАНОВСКИ (пофалница; со освоени 17 поени)
БРАНКО ЈАНГЕЛОВСКИ (пофалница; со освоени 11 поени)
“Успехот на овие наши деца е успех за целата татковина! Им честитаме и им посакуваме уште многу идни академски достигнувања!” – велат од Сојузот на математичари на Македонија.