Skip to main content

УХМР

Тропски ден во Охрид со температура до 34 степени

Управата за хидрометеоролошки работи издаде метео аларм за топлотен бран. Целата територија на Македонија е во портокалова фаза.
 |  инфодеск  | 

Времето денеска во Охрид сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринската температура до 17 степени, додека пак дневната ќе се искачи до 34 степени.

Управата за хидрометеоролошки работи издаде метео аларм за топлотен бран. Целата територија на Македонија е во портокалова фаза. Населението да се придржува за препораките за заштита на здравјето од високи температури.

Сувото и стабилно време со високи температури ќе се задржи и во следните денови.