Skip to main content

Верски календар

Павловден – Собор на светите 12 апостоли

Апостолите се слават како темели на црквата, со оглед на тоа што тие се првите луѓе кои во потполност ја примиле благата вест за единствениот можен Спасител на луѓето и на светот.
 |  инфодеск  | 

Светата Православна Црква денот по Петровден му го посветила на Светителот Апостол Павле – Павловден.

Светиот апостол Павле особено е значаен за Македонците. Своето прво патување надвор од Азија тој го направил во Македонија. Тоа започнало во 51, а завршило во 54 година. При своите патувања апостолот Павле организирал нови христијански општини, а старите ги утврдувал во новата вера. Според тоа е смета дека Македонија е вратата низ која христијанството влегло во Европа. Во Македонија тоа ги совладувало првите тешкотии, се судрувало со старите пагански обичаи и верувања. Тука се добиени и првите битки во походот на христијанството кон Европа и светот.

Овој ден се нарекува Собор на 12 Апостоли и тоа е главен заеднички празник на сите 12 апостоли, слично како што има соборни денови и за свети Јован Крстител, за архангел Михаил итн. Апостолите се слават како темели на црквата, со оглед на тоа што тие се првите луѓе кои во потполност ја примиле благата вест за единствениот можен Спасител на луѓето и на светот и затоа што истата вест ја проширија по сите краишта на светот.

Денес именден празнуваат: Павле, Пајо, Павлина…